Пред точно шест месеци Кочани и Македонија се разбудија во шок од трагедијата која однесе над 60 млади животи. Млади деца, кои излегле да се забавуваат и да поминат уште една саботна ноќ, не се вратија. Изгореа во оган или се задушија од гасовите кои ги вдишале во дискотеката „Пулс".
Една од помислите во тие моменти на шок и неверување беше, ако ова не не натера да го мениме системот, за да не ни се случуваат вакви трагедии, тогаш ништо нема. Но, таа помисла почна да бледнее веќе десетина дена по трагедијата. Едноставно, како и бројните слични трагични случаи, кои беа последица на нефункционирање на системот, на пропусти во обезбедување и давање дозволи, на замижување пред реалноста, и овој стана предмет на политичка борба на политичките партии, на будење на најниското кај луѓето кога пристрасно коментираат.
И денеска, шест месеци после страшното утро на 16 март во Кочани, ситуацијата не е променета. Дневно политички третман на случајот, во јавноста перцепција дека правдата споро се спроведува, обвинителен акт кој се уште е на оценување, и засега не докрај јасно каде се бара вината.
Дали сите ние, заедно, почнувајќи од институциите, надлежните, па до секој граѓанин, сменивме нешто, за да не се повторуваат такви трагедии? Тоа е прашање кое не си го поставуваме, полесно ни е да се обвинуваме политички, да си ги браниме „нашите“, дури и да ги обвинуваме родителите зошто ги пуштиле малолетните деца да одат во дискотека. Небаре, тоа е најважното, а не тоа што биле во објект кој е се, само не објект по стандарди во него да се врши некаква дејност, во кој може да се собираат поголем број на луѓе, да се организираат настани.
Засилени инспекции, набавка на противпожарни апарати, што беше најзабележливата активности по трагедијата, нема да го решат проблемот. По се изгледа, подлабоки промени треба да има, посериозно зафаќање со пропустите кои ги имало досега, па многу објекти се потенцијална опасност, а поважен е профитот од безбедноста...
Политичките партии ќе ја водат својата борба - едните ќе се обидуваат да ја контролират штетата, другите ќе се обидуваат да поентираат дневно политички. А и едните и другите имаат моќ, нивни луѓе се во парламентот, носат закони, нивни луѓе се во институциите, можат да ги спроведуваат законите... Ама, некако не им оди тоа. Полесно е да се фрла прашина, да се замајува народот, да се бара вина секогаш кај другиот, никако кај себе.
Кочани ни беше трагична и скапа опомена - извлекуваме ли поуки?
Македонија ќеја биде – се друго е мит!
Драги млади,
Денес ја славименезависноста на Македонија, денес го славиме денот кога сме се одвоиле одЈугославија и сме прогласиле сопствена, независна држава Македонија. Веројатно стеслушале приказни за Југославија – и веројатно тие приказни се на линијата дека била„совршена“ држава, дека тогаш сè било подобро. Веројатно исто така честослушате дека Македонија „не е држава“, дека „не нѐ бива“ и дека „нема даја биде“.
Ова е најопаснатасостојба во која може да се најде еден млад човек. Тоа е безнадежноста којанекој сака да ја имате, за тие да имаат бенефит.
Но верувајте не еточно! Македонија ја бидува и ќе ја биде!
Ние веќепокажавме дека можеме да имаме своја држава. И ќе ја имаме уште поуспешна.Македонија – денес Северна Македонија – ќе ја надживее Југославија, затоа штотаа траеше само 45 години и заврши во крв. Заврши со преку 150 илјади мртвимлади луѓе. Нешто што веројатно тие што ви кажуваат за таа држава ова„забораваат“ да ви го спомнат. Македонија ќе трае затоа што ја градиме врздемократија, а не врз диктатура. Македонија веќе економски одамна ја поминаЈугославија – сите статистички споредби покажуваат дека денес Македонија ипоранешните републики од таа држава имаат поголем номинален БДП и БДП перкапита (со вклучена инфлација).
Не дозволувајтеда ве лажат дека не можете да опстанете. Не дозволувајте да ви кажуваат дека неможе подобро. Вие денес живеете подобро од што тие некогаш сонуваа, и вашиотживот ќе биде уште подобар.
Знаете ли какоќе успееме?
Ќе успееме самоако не чекаме „лидери“ кои ќе не спасат, туку самите ќе ја преземемеодговорноста. Демократијата го подразбира тоа, сите ние постојано да работиме. Сотоа што ќе изградиме институции кои не зависат од партија, туку од закон иправда. Со тоа што ќе кажеме – секое партиско вработување и секој криминал наполитичар е предавство на републиката. Тие се вистинските предавства иопасности, а не замислените непријатели во кои сакаат да верувате!
Знам и дека велажат дека демократијата е фасада. Мора да го прекинеме тој лажен наратив! Демократијататреба да ни биде врвен приоритет – засекогаш. Барајте подобро и барајте повеќедемократија секогаш! Никогаш немојте да им простите и да им дадетепростор на оние што ќе се обидат да ве убедат дека демократијата не постои.
Не е важно далиси „лев“ или „десен“. Важно е да си демократ. Важно е да веруваш во институциишто се независни и инклузивни. Важно е да веруваш дека иднината ја правиме сами,навистина е важно да веруваш дека ти можеш да изградиш стабилни институции,дека не ти треба никој за да знаеш што е најдобро за твоето маало, твојот град,твојата гимназија, твојата градинка...
Македонија ќеуспее – само ако вие верувате во тоа.
Среќен ден нанезависноста!
Автор: Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на гоце.мк
Почнаа пак да вријат социјалните мрежи, емисиите, форумите, а бога ми и некои умови кои ретко се вклучуваат. Повод? Редовен извештај на Европарламентот за напредокот на нашата земја.
Еден пасус, една реченица, едно спомнување на „македонскиот идентитет“ – и одеднаш: драма, заговори, предавства, „ни го крадат идентитетот“, „ЕУ сака да нè избрише“. Како да сме во трилер со лоша содржина, ама со претенциозен наслов.
Си беше еднаш едно образование каде сите имаа петки. Толку многу петки, што веќе изгледаа како декорација, а не како оцена. Сведителствата блескаа,родителите беа горди, наставниците спокојни, директорите задоволни. Сите среќни.
И тогаш – бам! Приемен испит за запишување во средно училиште.50% од тие „одлични“ основци не положиле. Половина од учениците со “чисти петки” паднале на првиот реален тест.А сите се шокирани. Од власта и опозицијата, до тетка на Фејсбук:„Како е можно?!“
Епа, ајде да ви кажам како е можно – кратокводич низ нашето школство
Во рамките на политичката теорија намеѓународни односи, особено кај автори како Ханс Моргентау и Кенет Волц,„мирот“ не се третира како трајна состојба, туку како привремен баланс на силиво анархична меѓународна структура. Историјата покажува дека големите војни незапочнуваат со врева, туку со дипломатија. Не се најавуваат — се воспоставуваатниз постапки што на почеток изгледаат рационални, а подоцна стануваатнеповратни.
Во 2025 година, структурата на глобалниотпоредок покажува системски притисоци и знаци на фрагментација. Воздушните ударина САД врз Иран претставуваат само последен симптом на подлабокатрансформација: разградување на мултилатерализмот, делегитимација наинституциите на колективна безбедност и нормализација на конфликтот каколегитимна алатка во рамките на реалполитиката.
На 15 години, сè ти изгледа можно. Си викаш: ќе завршам факултет навреме, ќе најдам работа што ја сакам, ќе патувам, ќе бидам нешто. Сонуваш големо – не затоа што си наивен, туку затоа што уште не си се соочил со реалноста.До 20-тата година, соништата веќе не изгледаат толку гламурозно. Си научил што значи умор без причина, стрес без пауза и живеење со преголеми очекувања од себе. Не се откажуваш, ама веќе не се ни смешкаш кога зборуваш за иднината, туку ја мериш по смени, испити и колку пари имаш до крај на месецот.
Желбите, драги мои, имаат рок на траење – и знаете што? Тоа е сосема во ред.
“Ќе завршам факултет за да си најдам работа… што ќе ме тера да се прашувам зошто сум го завршил факултетот”.
Во Македонија, тоа е класичен рецепт. Од мали нè учат: учи, учи, и уште малку учи, дипломирај, и работата ќе дојде.
Само што никој не кажува каква работа, каде, и за колку пари. Или поточно – за која навреда.Почнуваш со полна енергија. Запишуваш факултет, влегуваш со некоја идеја дека ќе научиш нешто што ќе те направи „човек од струка“. Поминуваат години, минуваат професори што читаат слајдови од 2005-та, испити што се полагаат по муабет или по нервоза, и скрипти што се пренесуваат од генерација на генерација како семејно наследство.
Во секое друштво, на секој агол, се појавува по некој — самопрогласен цар, кралица без круна, или гласен филозоф што чита само насловни страници.
Тие што мислат дека се некој и нешто, се движат низ светот како да им должи нешто. А светот? Светот само се врти. Ниту го забележува нивниот поглед полн со самобендисаност, ниту им прави простор за црвениот тепих што го замислиле.Тешко е да им објасниш на тие што се полни со себе дека празнината во нив одѕвонува погласно од нивните зборови. Не разбираат дека вистинската вредност не бара публика. Вистинскиот човек не мисли дека е нешто — тој е. Нема потреба да се истакнува, затоа што неговото дело зборува пред него.
Денес сите пишуваме. Пишуваме статуси, пишуваме пораки, твитаме, коментираме, па дури и „се изразуваме“. Но некако, сè почесто се случува тоа пишување да нема баш никаква врска со мислење. Или со логика. Или со, да простите-со јазикот.
Писмена неписменост не е нов вирус. Таа одамна шета меѓу нас, со диплома во рака и самодоверба во 280 карактери. Тоа е таа појава каде што личност знае да напише „професионално се однесувам“, ама со 14 правописни грешки во една реченица.
Кога CV-то изгледа како инстаграм-опис, а службеното писмо завршува со „поззз“ на крајот.
Иронијата е што никогаш не сме биле поопкружени со текстови. Сè е во букви-од кафе чаша со мотивациска порака, до автоматски одговор од шалтерот. Но, истовремено, никогаш не сме биле пооддалечени од вистинско значење. Како да сме ги изгубиле зборовите во моментот кога сме почнале да ги користиме масовно.
Грешките не се страшни. Сите згрешиме. Но писмената неписменост не е грешка-таа е одлука. Одлука да не се чита. Да не се учи. Да се бира лесното. Да се изговори „па што ако?“ секој пат кога ќе ни се укаже дека нешто не е напишано како што треба.
А кога „па што ако?“ ќе стане правило, тука почнува тивката катастрофа.
Зашто писменоста не е луксуз. Таа е темел на сè: на дијалогот, на правото, на знаењето, на критичкото мислење. Писмена неписменост значи не само дека не знаеме како да кажеме нешто-туку дека не знаеме ни што сакаме да кажеме. А кога еден народ нема збор, тој нема ни иднина.
Затоа, нека не нè лаже тишината на оваа катастрофа. Таа не крева врева, но тивко ги руши темелите. Почнува од еден пропуштен акцент, но завршува со цело изгубено значење. И не, ова не е работа само на јазичарите. Ова е наша заедничка одговорност-како родители, ученици, новинари, лидери, граѓани.
Да почнеме со читање. Со слушање. Со мислење пред пишување. Да не ги користиме зборовите како декорација, туку како алатки. Бидејќи јазикот не е само средство-тој е показател на свеста, на вредностите, на културата што ја градиме или што ја губиме.
Ако сакаме иднина во која зборот има тежина, треба денес да почнеме да го учиме. Да го користиме со љубов, со мисла и со почит.
И, ако Кирил и Методиј денес гледаат од некој облак, веројатно се прашуваат:
„Мисијата ја завршивме, ама кој го избриша упатството?“
Некогаш луѓето верувале дека знаењето е моќ. Денес – знаењето е Google резултат на првата страница. Ние, генерацијата Z, сме родени во свет каде сите одговори се на дофат со еден клик. А сепак, прашањето што сите ги мачи е:
дали сме најпаметната генерација досега… или најизгубената?
Имаме пристап до секоја информација што некогаш била забележана. Можеме да научиме дури и кинески на Duolingo додека гледаме Netflix и скроламе TikTok. Повеќе јазици, повеќе култури, повеќе перспективи – никогаш знаењето не било подемократско. Звучиме како најподготвената генерација за иднината.
Некогаш медиумите беа гласот на народот. Денес пак инфлуенсерите се ехото на новиот народ: млад, визуелен, нетрпелив.
Денес вистината доаѓа преку Instagram story со музика во позадина и попуст код за серум за лице.
Иако звучи смешно, ова е реалноста.Инфлуенсерите го преземаа местото на класичните медиуми. Не затоа што знаат повеќе, туку затоа што имаат поголемо внимание.
Она што новинарот ќе го напише со пет извори, инфлуенсерот ќе го каже со пет ознаки и ќе добие петпати повеќе внимание.
Често знам да им кажувам на луѓето дека дедо ми раскажува многу убави приказни. Кога тој раскажува, и светот престанува да се врти.
Го слушаш и одеднаш не си веќе таму каде што си-туку таму каде што те води зборот.Стануваш дел од приказната. Ги живееш чувствата на јунаците, ги носиш нивните соништа, нивните стравови. И не ги забораваш. Со раскажана приказна расте човекот.
За децата тие се мал свет на чуда, а на возрасните училиште за вистинските вредности во животот.
Додека го слушав дедо ми, не бев ни свесна дека ме учи на нешто. Но, со текот на времето ги разбирав дедовите зборови.
Успеавме да ја затрупаме Стерната. Ама не со песок, ниту со партали, ниту пак со камења. Туку со тишина, со молк. Со навика да не прашуваме, со страв да се слушнеме себе, со желба да бидеме нешто друго. Успеавме, зар не?
Ја затрупавме таа Стерна што бучи во нас. Ја покривме со гласни серии, со инфлуенсери што продаваат совети за мир, со туѓи зборови што ги викаме „наши“. Ја задавивме до шепот.
Во нашите училници најдобро поминуваат тие што не поставуваат премногу прашања. А на оние што размислуваат премногу... им се спушта оценка.
И тоа не е само чувство-според PISA резултатите на Организација за економска соработка и развој (2018), учениците од регионот покажуваат потешкотии при решавање на проблеми што бараат критичко размислување, иако добро ги репродуцираат фактите.
Добредојдовте во реалноста на еден образовен систем кој, наместо да создава умови што размислуваат, произведува усти што повторуваат. Систем што се плаши од размислување-бидејќи размислувањето води до прашања, а прашањата се непријатни.
Картата е купена. Не за концерт. Не заодмор. Не за викенд во соседството. Туку за живот што (можеби) не припаѓа овде.Билет во еден правец – од земјава што не те сака доволно, кон друга што не тени познава.
Мајката молчи додека ја реди гардеробата.Таткото пак го крие треперењето на рацете додека ја пали цигарата. Сите знаатдека не одиш само да „пробаш“. Сите знаат дека ова не е патување, туку бегство.
Нема драматичен момент. Нема солзи нааеродром. Само стисната вилица и суво „ајде пиши ми кога ќе слеташ“. Ќе слетам, да. Но дали некогаш повторно ќе се вратам?
Во рацете на мајка ти, баба ти, сестра ти, пријателката, колешката, професорката… лежи светот што го познаваш. Осми март не е само датум – тој е сите нивни приказни, изречени и неизречени, сите нивни победи и тивки жртви што никој не ги забележал.
Во очите на секоја жена има нежност, но и тежина. Тежина на утрата кога станува прва, за сите да бидат згрижени. На ноќите кога заспива последна, со мислите на сите, но ретко кој со мисла за неа. На тишините кога премолчува, не затоа што нема што да каже, туку затоа што веќе премногу кажала.
Осми март не е само ден за цвеќе и честитки. Тој е ден да ја видиме, да ја слушнеме, да ја разбереме. Да ја славиме не само за тоа што е нечија мајка, сопруга, ќерка, туку за тоа што е – Човек. Со соништа, амбиции, љубови и замор што не се гледа.
Во свет каде што првиот впечаток често вреди повеќе од суштината, статусниот симбол станува валута на престижот. Тој е невидлива карта за припаѓање, знак на успех во очите на другите, но дали навистина значи нешто или е само привид што се менува со модата и времето?
Јас сум Деспина, ова е мојот став:
Постојат зборови што не можат да се преведат, чувства што не можат да се објаснат, а се разбирливи само кога се изразени на мајчин јазик. Тоа е јазикот со кој сме ги изговориле првите зборови, со кој сме ги научиле првите приказни, со кој нè смирувале додека сме плачеле, јазик на кој сме мечтаеле и сонувале. Тоа е јазикот што нè прави она што сме.
Секој 14-ти февруари во Македонија се повторува истата дилема – дали да се слави љубовта со Денот на вљубените или традицијата со Свети Трифун? Едните купуваат рози и пишуваат љубовни пораки, другите отвораат шише вино и се шегуваат дека „љубовта минува, ама доброто вино останува“.
Сите сме биле таму. Долг ред во пошта, маркет или на шалтер за административни услуги. Луѓето се вртат, воздивнуваат, нервозно проверуваат телефони. Некој потпира рака на колкот, друг тропка со ногата. Погледите им се вкопуваат во оној што е на ред, како со сила да можат да го забрзаат процесот.Чекањето во ред е секојдневна појава, но и еден од најголемите тестови за трпение. Современиот човек е навикнат на брзина – брза храна, брзи пораки, брзи решенија. Но, редот не прашува дали ти се брза. Само стоиш и чекаш.