
Често знам да им кажувам на луѓето дека дедо ми раскажува многу убави приказни. Кога тој раскажува, и светот престанува да се врти.
Го слушаш и одеднаш не си веќе таму каде што си-туку таму каде што те води зборот.Стануваш дел од приказната. Ги живееш чувствата на јунаците, ги носиш нивните соништа, нивните стравови. И не ги забораваш. Со раскажана приказна расте човекот.
За децата тие се мал свет на чуда, а на возрасните училиште за вистинските вредности во животот.
Додека го слушав дедо ми, не бев ни свесна дека ме учи на нешто. Но, со текот на времето ги разбирав дедовите зборови.