Немало човек што не го сакал. Верувал во Господ, дека Земјата е рамна и дека Елвис е жив. Менде од Баиро во Битола не беше имитатор на Елвис, туку уметник, кој за жал прерано го напушти овој свет. Неговата приказна ја состави гостинката-уредник, Душица Брачиќ.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
Музика – Train (снимка од концерт на Канал 103)
Менде: Јас едноставно само сум музичар, го свирам она шо го сакам, друга музика не ми треба да речам, ова ме исполнува мене и не ми треба, стварно не ми треба. Некои ми велат како не ти се здосади, па како можи да ти се здосади некоја работа која ја сакаш, не можи да ти се здосади. Можи, како да речам…можи… јас да ја остам музиката, та мене не можи да ме остај, да е жена ќе те остај, музика…само ти мојш да ја остајш.
Илина:Ова е гласот на Менде Шапазов, роден во мај 1973, кого често неправедно го нарекуваа имитатор на Елвис Присли. Самиот се нарекуваше уметник, и тоа и беше, во вистинската и понекогаш измачувачката смисла на зборот.
Во 2012 неколку студенти од Институтот за етнологија и антропологија снимија краток документарец за и со него, под наслов „Вива Лас Битола“.
Десет години подоцна, сегашна студентка, исто како и Менде битолчанка, интервјуираше неколкумина негови пријатели и соработници. Јас сум Илина Јакимовска, а гостин-уредник на оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ е Душица Брачиќ.
Душица:Менде или Елвисо прв пат го видов на фотографи од татко ми, па дури после го слушав во Порта Џез во Битола, а пак сега дознавам за неговиот живот. Ќе слушниме негови искази од филмот Viva Las Bitola, од Канал 103, потоа разговори со двајца музичари, нивните сеќавања за Менде, како музичар, како лик, како обичен човек.
фото: Дражан Брачиќ
Сашо Паркет:Јас ти викам девеесетите го знам така во парко, тие свиреа по малку гитарче, ама неее, не се дружев јас многу, знајш, тие уште…млади бевме, по двајстина години. Тој седумдес трета мислам дека е, седумдес трета, јас сум седумдес четврта ама јануар, тука сме генерација. Менде Спазов. Сапазов, Спазов.
Дражан: Сапазов, Сапазов.
Душица: Шапазов.
Дражан: Шапазов, Шапазов.
Сашо Паркет: Шапазов.
Душица:Ова е Сашо Паркет, фронтмен на битолскиот бенд Паркети, неговиот брат-Зоран настапуваше со Менде, познати како Mende and the Thunderstars. Но приказната на Менде почнува кон средината на осумдесетите години во едно локално клубче во Јени Маале каде живеел до неговите 24-5 години.
Менде:Имаше едно клубче, и ние како мали деца, се пикавме во то клубчето, и слушавме музика, али тогаш беше на плочи, беше многу далеку поинтересно, можи поскромно беше али беше доста поинтересно неголи денес ко ќе се затворат со компјутерите со ова со она…и… таму баш прв пат видов, нацртан беше Елвис, не беше на слика, туку нацртан беше, така во син костум некаде… крајо на шеесетите како шо се носеше (Ѓорѓи – водител: крал), да…така со микрофон беше в рака и јас прв пат таму слушнав од Елвис, значи…пак испаѓа пред Битлси да речам, али не кладов толку на ум. И баш ко се расформира то клубчето, еден Никола го држеше, то му беше фактички во куќата внатре, таму се береа големите, покрај нив и ние така, тргавме цигари, се криевме од дома… И, се расфоримира то клубчето и брат ми дојсе еден клуп плочи од таму, веќе појќе не требаа, и…јас барав нешто шо беше постаро, не знам од стално ме влечеа и филмој постари, со Фред Астер, со ова она, нешто така поромантични работи, малце и времето беше такво и…
Две плочи ги тргав настрана, ги тргав настрана, во старо шпоре ги кладов, во релната, после се сеќавам дека зедовме, ова, грамофон, ова некаде бе
Show more...