
Скорeшната дискусија по повод новиот Документ за јавни политики „Младинска вклученост во единиците на локалната самоуправа“ од Младинскиот образовен форум повторно ја поттикна темата за младите и нивниот интерес за вклучување во општеството, а застојот во имплемeнтирањето на Законот за младинско учество и младински политики го „сервираше“ на тркалезна маса.
И по 2 години од усвојувањето на Законот, само во 10 општини има формирано Национален младински совет, а истовремено земјава бележи тренд на намалување на бројот на младо население, односно негово иселување. Зорана Антовска беше една од учесничките во дискусијата, воедно таа е дипломиран политиколог, а во моментов и студентка на мастер студии по Меѓународни односи, европски интеграции и дипломатија.
Во оваа епизода на Мегафон разговараме со Антовска за позицијата на младите од помалите населени места и нивната инволвираност и ангажман во општеството.