Дали викендот во Австрија конечно ги најави вистинските ривали на Марк? Фермин Алдигер и Марко Безеки покажаа дека нивните резултати може да бидат поконстантни, а и Педро Акоста конечно зачекори во вистински правец. Секако, ова прашање се однесува за следната сезона. Оваа, Марк може да си ја изгуби само сам. Дефинитивно никој не може да го победи!
И покрај двата пада во петок, Марк успеа два пати да се искачи на највисокот место на подиумот во Холандија. Ниту неговиот брат, Алекс, нити Марко Безеки можеа да му ги пореметат плановите, иако беа екстремно блиску.
Духот и шармот, да не речеме лудоста на Муџело се врати. Ама домашните не можеа да се радуваат со полно срце за победниците. Шпанци на врвот во сите три класи. Честа ја одбрани Фабио Диџантонио освојувајќи го третото место на глaвната трка. Марк и понатаму само докажува дека е Марк, и никој не му е достоен за споредба.
Порака до Мартин: моторот е победнички! Срцепарателна трка за Квартараро по неверојатната пол позиција и водство од скоро 5 секунди. Пеко во се подлабока дупка со уште еден пад. Марк сѐ по несигурен на GP25 кој е сѐ само не предвидлив, но со солиден збор на бодови. И Алекс како и Марк со втора шанса на рестарт. Безеки ѕвезда на денот за спас на честа на Априлија. Мартин е на потег!?
Додека на еден Французин му се темнеше на другиот му се разведри. Зарко со уште едно легендарно салто наназад прослави уште една победа. Победа како ниедна до сега. Публиката во делириум славеше прва победа на домашен возач во кралската класа по дури 71 година! Марк мудро до втората позиција пред младиот Алдегер. Без бодови главните конкуренти Пеко и Алекс. Фабио не го издржа притисокот на домашната публика. Не е за кого е рече-nault туку за кого е пече-nault! 🤓
Епизодата кога повторни сите работи беа под влијание на различни притисоци. Alex Marquez победи, ама Fabio Quartararo беше возач на викендот.
Совршениот викенд за Марк за малку ќе завршеше неславно по контактот од неговиот брат Алекс. Ниту раното водство на Морбидели, ниту пак фантастичното водство на Вињалес не го оддалечија од намерата да победи во двете трки. Мартин со нова повреда, веќе трета за оваа сезона. Барем покажа дека ќе биде брз и на Априлија, а надеж ни даваат и Јамаха и Хонда предводени од Французите. Дали Хонда подготвува тим од соништата и кој ќе вози за нив? Погледнете ја новата епизода!
Поддржете нè на Patreon
https://www.patreon.com/c/motoripivo
Тексас холдем во Аустин, или искалкулиран потег на Марк Маркез кој беше слепо следен од пола грид? Да не беше хаосот во боксовите ќе следевме уште поинтересен рестарт, но падот на Марк и даде втор живот на Амеранската Голема Награда. Втор живот и за Пеко кој конечно победи во Аустин, и се врати во игра за титулата. Хонда повторно брза, но само зад Џек Милер на Јамаха на петтата позиција за Дукати. Супербајк повторно со поинтересен викенд во кој оној што плачеше во Австралија сега доминираше во Португалија. Топрак со хет-трик пред фантастичниот Булега. За 2 недели не чека повторно дупли викенд!
Ако постои совршен викенд за некој возач, тогаш дефинитивно ова е токму тој, секако ако го прашате семејството Маркез. Комплетна доминација и во спринт и во главната трка. Да не беше Марк толку надмоќен, веројатно сите ќе зборувавме мнооооогу повеќе за новајлијата Огура. Дефинитивно заслужи!
Од Хонда преку Гресини до фабричкиот тим на Дукати. Феноменот Марк Маркез ја има најдобрата можност да освои деветта титула и да се израмни со исто така големиот Вале Роси кој токму денес слави 46-ти роденден (HBD!). Дали перфекционистот и пулен на Роси, Пеко Бањаја ќе ја повтори ланската одлично сезона и ќе му застане на патот?! Дали ќе видиме сезона слична на 2009-тата на дуел меѓу тимски колеги? Дали можат Априлија и КТМ да им земат по некоја победа, или ќе не изненади Јамаха? Најпрво Супербајк ќе ја отвори 2025-тата мото тркачка сезона со маестралниот Топрак кој можеби ќе има посилна опозиција во формата на Булега? Наспијте се и подгответе се за одлични трки!
Титулата ја зема оној кој лани немаше искуство и смиреност за да издржи до крај. Професорот Пеко со најдобрата сезона во неговата кариера не успеа да компензира за 8те падови. Мартин ја доби својата одмазда за одлуката на Дукати да продолжат без него. Си поиграа што си поиграа, сега е време за нова сезона со многу промени. Грешките нема да бидат простени!
Во изминатите неколку тркачки викенди се решија скоро сите титули во шампионатот WSBK, BSB, Moto3 & Moto2. Скоро сите да. Останува само уште веројатно најпрестижната, бисерот во круната. Во следниот викенд Хорхе Мартин ја има првата сет топка за освојување на првата титула во MotoGP! Дали Пеко ќе ја пренесе борбата за титула во Шпанија, или ќе му честита на Шпанецот?
Мартин по падот во сабота победи во недела. Кисело слатко за лидерот во шампионатот кој беше убедливо најбрз овој викенд. Пеко победи во сабота за минимизирање на штетата. Акоста ѕвезда на викендот. Малиот си го оправдува надимакот Ајкула. Супербајк со фантастични трки во Арагон. Наместо Булега да намалува предност, Баутиста се враќа во старата форма. Топрак по незгодната повреда повторно меѓу најбрзите со 3 втори места. Двата шампионати се неверојатно интересни, а тука се и пониските класи. Веќе за некој ден продолжуваме со MotoGP во Јапонија!
Пеко започна доминантно со пол позиција и победа во спринтот, но на главната трка падна од трета позиција токму во моментите кога беше побрз од сите на патеката. Но овва не беше главната вест на викендот. Дуелот за победа меѓу Мартин и Бастијанини е причината која ги запали социјалните мрежи. Преагресивно или вистинско тркање? И каде се скрија судиите? Секако херој на денот е вози во друг шампионат. Петручи победи на домашен терен на сите 3 трки, иако беше казнет на стартот за 3 позиции заради гестикулација со 3-тиот прст 😀
Пеко на свој терен со помош на сетилото за мирис ја препозна временската прогноза и онака повреден од претходниот викенд успеа простум да поднесе 2 порази и дури да биде доблесен и да се извини за обвинувањето кон Алекс М за претходниот викенд. Вистински шампион! Марк маестрално ги надвозе останатите и повторно победи, а Мартин тотално ја промаши шансата да ја зголеми бодовната предност во главната трка по одличната победа во спринтот. Одлично за публиката! Нека продолжи трилерот и следниот викенд!
Изминаа скоро 3 години, 4 операции, 30 степени ротација на повредена и инфицирани коска, па уште една година на страшни падови и повреда на очниот нерв...и многу непроспиени ноќи за да се избере најтешката одлука. Пензија, или раскинување на најскапиот договор за да се вози во сателитски тим?! Лекција за упорноста и самодовербата потребна за остварување на еден сон. А тука е и контроверзниот судир меѓу Алекс М и Пеко. Добредојдовте назад на нашиот подкаст. KRANKIT - https://www.youtube.com/@KRANKiT/videos
Азурите доминираа дома! Додека Мартин падна во саботата, а Енеа се разбуди во неделата накај 14:40, Пеко потполно фокусирано се избори против казната од 3 позиции на стартот, притисокот на возење пред домашната публика и огромната сенка на Роси за да ја освои домашната публика со две победи од две трки. Единствени кои му се приближија покрај Енеа и Мартин, беа Марк и Акоста. Останатите сигурно си заминаа со многу теми за размислување.
Алеиш најави заминување во стил! Бањаја уште еднаш покажа дека трката во недела е поважна од онаа во сабота, иако беше на пат да ги победи двете. Акосата потврди дека сепак има само 20 години, а Марк... од Марк се плашат сите, а тој и понатаму продолжува да ужива во својот, веројатно последен, камбек.
Хорхе Мартин имаше совршен викенд за зголемување на бодовната предност. Бањаја со топло ладен викенд прими уште еден пораз од Маркез кој имаше најмногу претекнувања во негов стил и го зема целото внимание. Ова не е само борба за титула туку и за место во фабричкиот тим како и доминација во и вон патеката. Шоуто продолжува во Барселона за 2 недели!
Ако дуелот меѓу Пеко и Марк во Портимао беше прв од многуте кои не следат, тогаш оваа сезона може да биде една оние легендарни за паметење. Мартин со падот во моменти додека водеше, покажа дека ништо не е готово и никој не е сигурен на врвот. Априлија треба да се консолидира по лошиот викенд. Акоста со прв подиум во спринт, но и тежок пад пред главната трка за потсетување дека е во година на учење. Јапонците повторно ги "окупираа" последните позиции. Ле Ман е следната станица за 2 недели! Се гледаме!