Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за виралното видео Пландемија кое повторно ја актуелизираше теоријата на заговор дека вирусот е вештачки создаден и покрај согласноста на скоро цела научна заедница дека тоа е не е точно.
Во оваа епизода Горан и Мите повторно се навраќаат на доказите дека новиот коронавирус не е вештачки создаден како што потврдуваат и истражувањата на сите релевантни научници според кои во секвенцата на вирусот не се гледа ниту една човечка интервенција.
Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за тоа како преку злоупотреба на идентитетот на научници кои имаат добиено и Нобелова награда се шират дезинформации за потеклото на вирусот. Исто така се навраќаат на постојаните напади на Бил Гејтс и разговараат за проблемот кој го предизвика Доналд Трамп со изјавите поврзани со дезинфекциските средства.
Во оваа епизода Горан и Мите разговараат на уште една нова теорија на заговор чија жртва е Бил Гејтс и неговата заложба за достапни вакцини за секого и инвестирање во развој на вакцината за коронавирусот.
Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за теориите на заговор поврзани со коронавирусот и како 5Г, новата генерација на мобилна мрежа стана центарот околу кои се коваат теорииите на заговор поврзани со пандемијата предизвикана од Ковид-19.