
Добредојдовте во последната епизода за третата сезона на ФЕМКАСТ.
Оваа епизода ми беше во план да биде со гостинка, меѓутоа не се наредија коцките како што планиравме и сепак таа епизода ќе остане за новата сезона која ќе започне на есен.
Во оваа епизода зборувам на една многу важна тема, емоционалната поддршка на мајките во постпородилниот период. Епизодата е кратка, меѓутоа многу прониклива и поттикнува разговор, а тоа е и целта: мора многу повеќе да разговараме на овие теми и да ја креваме свеста за истите.
Ви благодарам што бевте цела сезона со ФЕМКАСТ, се слушаме повторно на есен.