
Во 81 епизода на #celebratelifepodcast AM 11.12.23 - сезона 5, гостин ми беше Диме од бендот Hardfaced, Primitive Dread и Die hard records/booking. Зборувавме за инспирацијата на неговите текстови и социјалниот ангажман, DIY стандардите и како се развива сцена и љубовта кон истата, Свирки во Охрид развој и поддршката на публиката и взаемната почит. Животот на турнеја и како е да се работи за еден од поголемите бендови во моментов Turnstile. Уживајте во разговорот кој што за мене беше ептен инспиративен.