
Во петокот на 09.06.23 се случи 12 издание на Engage конференцијата каде што покрај одличните говорници вечерта имавме прилика (foookin weather wasn't on our side, but it was incredible at the end) да ги слушнеме најновите бендови на сцената (Niandra, Rend, Sivert, The Ooz) како и добро познатите Zanadu и КЕМ. Иако вечерта планирав од сите бендови да земам изјави и да направам еден podcast за целиот take over на stage-от во последен момент решив да се препуштам да уживам во целиот настан што макотрпно го работевме со другарите од Радио МОФ / МОФ и Гола Планина изминатиов период. Ќе се обидам да ги поканам сите бендови на AM Шоу да правиме муабет во студио.
На 12.06.2023 соговорници ми беа Занаду или Карло (вокал и гитара), Андреј (бас), Иван (тапани) и Марко на гитара кои што минатата година го издадоа својот албум Соништа од кој што имам неколку фаворити. Зборувавме за нивната музика, од каде инспирацијата за текстовите, што слушаат и кои се идните нивни планови.
Слушавме музика од:
Се слушаме наредниот понеделник во 10:00 на www.radiomof.mk/radio на #celebratelifepodcast и огромна благодарност до сите што го посетивте #engagemk gathering-от <3