
Овој понеделник 04.12.2023 на AM шоу во 10 часот наутро во 80та епизода започна 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🥰
Беше прилично тешко ова утро да се одржи емисијата од немилиот настан кој што сите не потресе, се обидував да не дискутирам многу околу тоа меѓутоа ме совладуваа емоциите помислувајќи на самиот грозоморен чин и убивањето на дете. Но се обидував да останам приземен колку што можев. Музиката која што ја слушавме беше емотивно смирувачка како што му доликува на понеделник наутро.
Слушавме:
Во вториот дел од подкастот ми беше гостин Андреј Марјановиќ со кого разговаравме за неговата последната изложба Политичарење, светот денеска, графиката и дизајнот и животот вон градот.
Понеделниците се посебни и се надевам дека ќе го почувствувате во епизодите. Ајде да останеме заедно во понеделник и што е најважно, само нежно кон себе и да бидеме љубезни кон себе и останатите. 🫶🏻