
Иво Босилков, активист од движењето „Петоци за иднината“ во интервју за ПИНА говори за целите и барањата на ова движење кое протестира поради спориот одговор на државите кон климатските промени. Тој потенцира дека се работи за криза која што е резултат на нашиот начин живот и општо начинот на функционирање на сето ова општество, почнувајќи од конзумеризмот и создавањето на енормните количини на пластика, користењето фосилни горива, како и на секакво загадување во однос на природата и на океаните.